По повод 31 Октомври – Светскиот ден на штедењето, нашите највозрасни, љубопитни дечиња со воспитниот тим од објект “Детелинка“ при ЈОУДГ “Ангел Шајче”-Куманово, ја посетија Халк Банка.
Во организација и соработка со родителка Ивана Манасов вработена во истоимената банка заедно со својот тим на вработени на дечињата им овозможија едикативни разговори, поврзани со значењето и начинот на штедење.
Научија дека секој заштеден денар е чекор поблиску до остварување на некоја желба, а дека штедењето е убава навика што се гради уште од најмала возраст.
Посебна благодарност до родителите и вработените за прекрасното гостопримство и внимателно подготвените подароци – касичка за штедење и боенки, кои им донесоа дополнителна радост на нашите најмали и ќе ги потсетуваат дека секоја голема желба започнува со мала заштеда.

Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide