По повод 31-ви октомври “Светски ден на штедењето”, децата од големата група “Бубамари” од објект “Развигорче” при ЈОУДГ “Ангел Шајче”-Куманово го одбележаа настанот со низа интересни и едукативни активности.
Од страна на воспитниот тим на групата, Надица Младеновска, Слаѓана Петковска и Милијана Ангеловска во соработка со Ивана Ванчевска Николовска, родител на Софија Николовска (дете од групата), беа организирани и реализирани низа едукативни активности.
Децата преку разговор, низ пораките за штедење и дидактичките игри имаа можност да научат нешто повеќе за важноста на штедењето, при што дознаа како штедењето може да им помогне за подобра иднина.
Децата беа поттикнати да размислуваат за вредноста на штедењето и одговорното користење на парите.
Голема благодарност до родителот кој беше дел од нашата успешна активност.

Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide