Нашата градинка ја гледаме како отворена и современа установа, во која ќе се негува самопочитта, различноста, индивидуалноста, мултикултурализмот и ќе се промовираат потребите и интересите на сите учесници во воспитно-образовниот процес.

Ќе се залагаме за унапредување на воспитно – образовната работа, подобрување и зајакнување на колегијалноста, професионализамот и стручното усовршување. Преку демократско современо образование ќе оспособуваме граѓани кои ќе ги знаат своите права и одговорности.

Наша желба е угледот и рејтингот што го имаме во нашиот град и пошироко да го задржиме и надградиме.