Според Правилникот за формирање и работа на советувалиште за деца и родители од МТСП член 169 став 2 од Законот за заштита на децата (Службен весник на Р. Македонија бр. 23/13), ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово, формирано е Советувалиште за деца и родители чија работа ја врши мултидисциплинарен тим од различни образовни профили и тоа: педагог, психолог, специјален едукатор и рехабилитатор, логопед, социјален работник, музички педагог и воспитувач.

Тимот својата работа ја реализира согласно програмата за работа на советувалиште изготвена од страна на установата за деца. За потребите на советувалиштето од страна на установата обезбедена е посебна просторија опремена со аудио – визуелна опрема, едукативен материјал и едукативна литература.

Советувалиштето има за цел :

  • Подигање и поддршка на родителска/старателска компетенција
  • Индивидуални разговори со децата за нивна подобра адаптација и полесно надминување на потешкотиите и проблемите во однесување при процес на растење
  • Консултативно советодавни разговори со родители и непосредна работа со децата со посебни потреби, деца кои покажуваат натпросечни достигнувања, деца со потешкотии кои произлегуваат од социјално ранливи групи на семејства, деца со развојни проблеми и деца со семејни проблеми со цел давање на стручна помош и поддршка
  • Консултативно-советодавна работа и интерактивни обуки со воспитно – згрижувачи персонал во секојдневното воспитно-образовно работење