Директорот е орган на раководење на детската градинка, законски застапник на истата и како таков ја претставува пред трети лица. Директорот на детска градинка се избира за време од четири години.

Директорот на детска градинка :

  • ја организира и раководи работата на детската градинка
  • самостојно донесува одлуки од делокругот на неговата надлежност утврдена со закон и актите на детската градинка
  • одговорен е за законитоста и работата на детската градинка
  • ја предлага Предлог – Годишната пчрограма за работа до Управниот одбор и презема мерки за реализирање на Годишната пчрограма за работа
  • ги извршува одлуките на Управниот одбор
  • изготвува план за кавни набавки
  • одлучува за засновање и престанок на работен однос на вработени за вршење на дејност, согласно закон, актите на детската градинка и коективниот договор
  • поднесува Годишен извештај за работа на детска градинка до Управниот одбор и основачот
  • поднесува Извечтај за реализација на материјално – финансиско работење на детската градинка до Управниот одбор и до основачот
  • формира постојани и повремени комисии за определени прашања поврзани со работењето и организирањето на работата
  • склучува договори согласно закон