Комисија за јавна и културна дејност

Комисијата за јавна и културна дејност ја сочинуваат директор, психолог, педагог, музички соработник, специјален едукатор и рехабилитатор, социјален работник, логопед и воспитно – образовниот и згрижувачкиот кадар кој работи со децата.

Согласно Програмата за јавна и културна дејност се организираат посети на одредени објекти и организации од културен и услужен тип, како и нивно гостување во градинката.

Со цел да се развијат кај децата навики за следење на културните збиднувања, за учество на јавни настапи, навики за спортско и рекреативно искористување на слободното време, се спроведуваат, покрај редовните и следните активности:

  • учество на ликовни изложби и конкурси со ликовни творби на децата во и вон Установата
  • средба со ликовни и драмски уметници, со писатели
  • посета на галерија, музеј, библиотека
  • организирање и следење куклени и драмски претстави
  • учество во приредби по повод празници
  • учество во различни други прослави на празници и родендени
  • организирање прошетки во околината на градинката
  • литературни и други активности
  • посети на фабрики и други значајни објекти
  • разговори со децата за културните збиднувања во градот

Комисија за планирање за јасли

Комисија за планирање за јасли ја сочинуваат педагог, психолог, музички соработник и по еден представник од јаслени групи од сите објекти. Оваа комисија врши планирање на работа со деца во развоен период до 3 години која опфаќа прифаќање, нега, исхрана и воспитни активности согласно Програма за рано учење и развој.

Драмска секција

Драмската секција ја сочинуваат членови на стручен совет на установата, воспитувач и претставник од родители на деца кои ја посетуваат градинката. По повод новогодишните празници секцијата организира куклена претстава која се изведува во сите објекти на установата заедно со Дедо Мраз.