Како дел од соработката до Општа Болница, Детско одделение ја организиравме оваа активност – „Да се даруваме, сите да се радуваме“.

Децата од објект Бубамара донираа играчки за оние деца кои за празниците ќе бидат во болницата.

Секако ние посакуваме тој број да биде што помал, но ете со овој гест сакаме да ги израдуваме.

Срдечноста, емпатијата, дарежливоста, благодарноста се вредности кои треба да се негуваат уште од најмала возраст.

Ние во градинката особено ставаме акцент на социјалната кохезија во сите воспитни активности со децата.

Со овој мал гест со тоа што ќе одделат нешто свое за другарче кое не го познаваат, како и со другите активности сигурни сме дека сме на добар пат.

Slide