Соработката со родителите, нивната љубов, и поддршката која што низ различни активности родителите им ја пружаат на дечињата, кога доаѓаат како гости во градинката е од големо значење за нивниот правилен раст и развој, како и за поттикнувањето на среќно, ведро и весело расположение кај децата.
Таква соработка беше реализирана на ден 23.11.2026 година со дечињата од возрасна група над 4 до 5 години “А” при објектот “Развигорче” под водство на воспитно-згрижувачкиот тим Марина Митковска, Катерина Георгиевска и Дијана Петковски, каде што гостинка ни беше Мирослава Ивановски, мајка на Ана Ивановски, другарче од нашата група. Мирослава по професија е фризер и шминкер, и таа беше многу креативна со што и на девојчињата и на момчињата им направи преубави фризури со вметнати есенски детали за коса. Активноста помина во позитивна атмосфера, децата беа многу среќни за фризурите, и се запознаа со професијата.
Голема благодарност до родителот за соработката и со нетрпение ја очекуваме следната. Поврзаноста меѓу семејството и градинката е од големо значење за целокупниот развој на детето.
