Во нашиот објект Кокиче се реализираше креативна и едукативна работилница на тема „Детско штедење“, во која учество зедоа децата заедно со своите родители. Преку заедничка игра, разговор и креативна работа, децата имаа можност да ја изработат својата касичка и на забавен начин да се запознаат со значењето на штедењето. Родителите активно се вклучија во работилницата, помагајќи им на децата и поттикнувајќи ја нивната креативност, соработка и чувство на заедништво. Преку оваа активност децата научија дека и малите заштеди имаат голема вредност и дека штедењето е навика што се создава уште од најрана возраст.
Благодарност до сите родители за учеството, поддршката и заеднички поминатите убави моменти!
Заедно создаваме мали штедачи со големи соништа!
