Заедничка семејно- креативна работилница со родители.
Во пријатна и весела атмосфера, децата од голема група над 5-6 години, во објект Кокиче, заедно со своите родители изработуваа есенски композиции на хартија.
На крај децата ги покажаа своите шарени творби и убавите есенски круни преку пеење и рецитирање на претходно научените песнички и стихотворби.
Благодарност до сите родители за одвоеното време, креативноста и поддршката што ја внесоа во оваа есенска авантура!
