Во духот на одбележувањето на празникот на нашиот град, со децата од воспитните групи реализиравме едукативна и креативна работилница на тема „Слави мојот град – Куманово“.
Активностите ги започнавме со посета на споменик посветен на борците, каде што преку разговор со децата ја истакнавме важноста на слободата, храброста, пожртвуваноста и почитта кон оние кои оставиле значаен белег во историјата на нашиот град.
Преку непосредно доживување и набљудување, децата имаа можност да се запознаат со дел од историското и културното наследство на Куманово, да поставуваат прашања и да развиваат чувство на почит и припадност кон родниот град.
Впечатливиот ден го продолживме со ликовни активности, преку кои децата со својата креативност, боите и детската фантазија ги претставија убавините и симболите на нашето Куманово.
Преку ваквите активности ги негуваме љубовта кон родниот крај, почитта кон минатото и свеста дека секое дете е дел од сегашноста и иднината на својот град.
Куманово е нашиот град, нашата приказна и нашата гордост!
Среќен празник, Куманово!
