Денес, во ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово, остваривме значајна средба со министерот за социјална политика, демографија и млади, градоначалникот на Општина Куманово, пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и претседателката на Советот на Општина Куманово.
Централниот настан на посетата беше промоцијата на дефектолошките кабинети, кои се опремени и уредени со сопствени средства на установата, како резултат на нашата заложба за унапредување на условите за работа и обезбедување дополнителна поддршка за децата со индивидуални развојни и образовни потреби.
Со оваа инвестиција направивме значаен чекор кон создавање поинклузивна средина, во која секое дете ќе има можност да ги развива своите способности, да напредува со сопствено темпо и да се чувствува прифатено, поддржано и рамноправно.
Посетата беше збогатена и со кратка детска програма, преку која нашите најмали со многу радост, креативност и непосредност ги вклучија и присутните гости во заедничките активности, испраќајќи ја најубавата порака – секое дете може, секое дете знае и секое дете заслужува можност да го покаже својот потенцијал.
За нас, оваа средба претставува поттик за понатамошна соработка и поддршка во насока на создавање подобри услови за престој, воспитание, образование и развој на децата.
Продолжуваме посветено да инвестираме во она што е најважно – среќно, безбедно и квалитетно детство за секое дете!
