Ние сме градинка која обезбедува сигурна, безбедна, стимулативна и интегративна средина во која секое дете е згрижено, воспитувано, образувано и правилно напредува во својот севкупен раст и развој.

Потребите и интересите на децата и родителите се центар на нашето залагање и ангажирање.

Ги почитуваме различностите, работиме на развој на социјализација, мултикултурализам и отворени сме кон општествената средина.