Денес децата имаа чест да бидат гости на Аеро клубот Куманово, да поминат забавно и едукативно во широките пространства на аеродромот Аџитепе Куманово. Децата на возраст над 3-6 год. имаа можност да се запознаат со многуте професионални пилоти, кои им дозволија одблизу да влезат во воздушните летала и да им покажат како се управува со истите. Сите беа гостопримливо примени и почестени од вработените на аеро клубот со подарок бедж за секое дете.