Воспитно-образовните влијанија се реализираат според Програма за рано учење и развој.
При планирањето на воспитно-образовните влијанија воспитувачот со асистенција на стручната служба ги имплементира сознанијата од опсервации на децата земајќи ги во предвид: возраста, индивидуалните потреби, компетенции, искуства, можности, интереси, како и условите за работа.
Во текот на денот постои интегративен и холистички пристап на сите аспекти на развој на децата и се практикува индивидуален пристап и примена на повеќе различни стратегии.
Работа се документира и евидентира во пропишани документи од страна на МТСП, во хартиена форма.