Исхрана


Еден од условите за добро здравје и правилен раст и развој на детскиот организам е правилен однос кон исхраната.

Организирано планирање, подготовка и дистрибуција на храната преставува важна компенента во работата на установата. Храната ги задоволува квантитативните и квалитативните потреби на детскиот организам и се подготвува од свежо хранливи продукти во максимално хигиенски услови. Се работи по HACCP систем (безбедност на храна од готвење до сервирање) и се почитуваат нормативите за исхрана на деца од предучилишна возраст.

Листата на јадење се изготвува по препорака и соработка со Секторот за заштита на деца во Министерство за труд и социјална политика – Скопје.

Во текот на денот децата добиваат по два оброка (појадок и ручек) и две ужинки помеѓу оброците.