Социјален развој
- Да се оспособува детето за воочување и почитување на сличностите и разликите кај себе и другите деца;
- да се поддржува да ги усвојува и почитува правилата на однесување во групата;
- да се охрабрува да ги запознава желбите и интересите на другите деца во групата;
- да се оспособува кон воспоставување односи со други непознати лица;
- да се воведува кон запознавање со елементарните морални вредности (љубов, мир, ненасилство, вистина и добро однесување);
- да се поддржува кон збогатување на сопственото социјално искуство;
- да се воведува во градење културен и национален идентитет;
- да се поттикнува да го развива чувството на припадност на групата, семејството;
- да се навикнува да учествува во уредувањето на просторот, донесувањето на правилата на однесување во занималната;
- да се проширува разбирањето за различни социјални улоги и односи;
- да се поттикнува во воочување и надминување на стереотипите;
- да се поттикнува да развива патриотски чувства кон татковината Република Македонија;
- да се поддржува детето на свој начин да придонесува за радосен и интересен живот во групата;
- да се запознава со убавините на својот роден крај, народното богатство и културата;
- да се запознава со значењето на локалните и државните празници.
Емоционален развој
- Да се поддржува детето да ја развива емоционалната сигурност, чувството на доверба и прифатеност во групата;
- да се поддржува да ги развива и негува позитивните емоции;
- да се оспособува за воочување и манифестирање на некои емоции во секојдневната комуникација;
- да се охрабрува да ја развива осетливоста за чувствата на другите луѓе (емпатија) преку разбирање на нивните емоционални состојби;
- да се поддржува во јакнењето на довербата во себе и во другите луѓе;
- да се поттикнува да го негува чувството на љубов кон другите луѓе и татковината;
- да се поттикнува да препознава некои негативни емоции и да се обидува нив да ги канализира;
- да се поттикнува во надминување ирационални стравови;
- да се воведува во спознавање на телесната шема (физички идентитет);
- да ја развива свеста за своите желби и потреби;
- да се поттикнува во создавање и усвојување на позитивна и реална слика за себе;
- да се поддржува да се доживува себеси во континуитет (јас како мал, јас сега);
- да се поттикнува во јакнење на самодовербата и самопочитувањето;
- да се поддржува во споредување и разликување на себе си во однос на другите и за себе прифаќање.