Навики за чување на здравјето и одржување на лична хигиена и уредност
Детето самостојно и правилно ги мие рацете и лицето со сапун во определено време и по секоја укажана потреба; правилно ги брише рацете пред и по јадење; употребува хигенска хартија; при кашлање и кивање да се сврти на страна или да го покрие носот или устата со рака; уредно и чисто да ја одржува облеката и обувките, целосно самостојно да се соблекува; да ги закопчува копчињата на горната облека; со помош на возрасен да ги врзува чевлите, уредно да ја закачува, здиплува и остава облеката на определено место; да спие во свое креветче.
Навики за културно јадење
Детето се оспособува самостојно и правилно да јаде со затворена уста и добро да ја џвака храната; да пие вода од својата чаша, правилно да го држи телото при седење, да се навикнува по јадење да го става столчето до масата.
Навики за одржување на хигиена и уредност во непосредна околина
Правилно да ги користи санитарните уреди; да отвара и затвара славини на чешми, да го остава хигиенскиот прибор на определено место, уредно да ги остава играчките, сликовниците и други средства во центрите за игра, да ги собираат отпадоците од ликовните активности и други отпадоци; да не фрла отпадоци во простории, дворна површина, улица, влез на зграда и други објекти и места;
Навики за културно однесување
Во градинка и дома да формира културни навики за правилно однесување со други деца, родители и други возрасни; самостојно и слободно да контактира со познати лица. Да одговара на прашања на возрасни и деца и само да поставува прашања, да ги исчекува и сослушува одговорите, да не го прекинува разговорот на другарчето и возрасниот, да бара, да укажува помош и да користи културни зборови – Молам, Благодарам, Извини. При доаѓање и одење од градинка детето учи да ги поздравува луѓето, да ги почитува своите родители и возрасните кои се грижат за неговиот развој.