Логика и размислување

  • Да се поттикнува самостојноста на детето во откривањето и користењето на алатки за извршување на одредени активности;
  • да се поттикнуваат способностите за разбирање на едноставни и воочливи причинско – последичните врски во опкружувањето;
  • да се постават основи за самостојно користење на алатки за истражување;
  • да се поддржува и развива интересот кон откривање на нови предмети, појави и лица;
  • да се поттикне и да се поддржува откривањето на нови начини за употреба или замена на некој познат предмет, играчка;
  • да се поттикне самостојноста при истражување, набљудување и откривање;
  • да се поттикнува и поддржува користењето на сетилата при запознавање и примање на податоци од природата и околината;
  • да се поттикнува и поддржува љубопитноста за откривање (нови знаења) и осознавање;
  • да се поттикне потребата за изразување на доживувањето од самиот процес на откривање и учење.

Математика

  • Да се поттикнуваат кај детето способности за воочување на елементи од предметите;
  • да се поттикнуваат способности за воочување и именување на основните геометриски форми и фигури (круг, топка, коцка);
  • да се поттикнуваат способностите за разликување и именување на основните бои;
  • да се поттикнуваат способностите за споредување и класификација според боја, форма, големина;
  • да се поттикнат способностите за групирање на предмети според воочливи и заеднички особини;
  • да се поттикнат знаењата и способностите за покажување до 5 познати сродни елементи и за броење на броевите до 5;
  • да се создадат навики за користење на математичкото разбирање во решавањето на практични проблеми (од секојдневието);
  • да се поттикне процесот на просторно ориентирање (воочување релации во однос на себе: пред – зад; горе – долу; под);
  • да се развиваат навики за употреба на броеви во комуникацијата со играчките и другите познати предмети во опкружувањето.

Наука

Запознавање и разбирање на околината

  • Да му се овозможи на детето стекнување на претстави и поими за некои карактеристики од животинскиот и растителниот свет од блиската околина;
  • да се поттикнуваат способности за препознавање на одредени природни појави; (сонце, дожд, снег, ветер)
  • да се поттикнува процес на препознавање на одредени функции од деловите на телото на луѓето и животните;
  • да се поттикнуваат способности за воочување на одредени карактеристики за неживата природа со која непосредно се соочуваат (воздух, земја, вода, предмети во непосредната околина и сл.);
  • да се поттикнува чувство на грижа кон растенијата, лицата и предметите од нивното непосредно опкружување;
  • да се развива потреба и способност за искажување на сопствените опсервации (нешто што препознале, случувања и прости функции на објекти и предмети);
  • да се поттикнува потреба кон поставување прашања за работите што ги интересираат децата.

Уметност

Ликовно воспитание и музичко воспитание

  • Да се поттикне интересот на детето кон цртањето и обликување на разни едноставни форми;
  • да се поттикне интересот кон запознавање и користење на различни ликовни и останати материјали (дрвени боички, молив, разновидна хартија, бои, четки, печати, песок, семиња, амбалажа, глина, тесто, глинамол итн);
  • да се поттикне интересот кон истражување и разликување на некои бои, текстура простор, облици на предмети во две и три димензии;
  • да се поттикне развивање на вештини за реагирање според сетилата за вид, слух, мирис, вкус, допир и според искуствата и доживувањата;
  • да се поттикне желба за истражување и разликување на одредени звуци, гласови;
  • да се поттикнат способности за разликување на пеење од говорење;
  • да се поттикнува и поддржува интересот за пеење и слушање на песни;
  • да се развиваат способности за опсервација, слушање и имагинација според доживувањата низ музичките и ликовните активности;
  • да се развиваат способности за изведување на едноставни движења со делови од телото и со целото тело;
  • да се поттикне интерес за користење на различни материјали, алатки, инструменти, предмети и други достапни ресурси за искажување на сопствените креативни идеи и чувства;
  • да се поттикне интересот за учество во музички и ликовни активности.