Љубопитност и иницијативност
- Да се оспособува детето за користење на различни форми и извори на информации;
- да развива иницијативност и да се подрдржува во неговата самостојност за изборот на материјалите за истражувачките активности;
- да се поттикнува кон поставување прашања за непознати предмети, лица и настани во моментот на набљудувањето;
- да се развива способноста за искористување на играта и игровните активности во функција на учење и откривање;
- да се поддржува кога пројавува иницијативи и интереси за стекнување нови знаења.
Креативност и истрајност
- Да се поддржува детето во истрајноста во процесите на учењето и откривањето;
- да се поддржува во изразувањето на различни начини на искажување на сопствените идеи и мисли, искуства и чувства;
- да се поддржува на свој начин да ги пренесе своите решенија, мислења, искуства, заклучоци и сл.
- да се поттикнува кон разни видови креативност;
- да се поддржува кон користење на играчките, предметите за друга намена, различна од онаа за која тие се создадени.