Комуникација и медиумска култура

  • Да се развива во континуитет функцијата на говорниот апарат;
  • да се оспособи за правилна дискриминација и артикулација на гласовите, како основа за правилно изговарање на зборовите;
  • да се развиваат способности за разбирање на значењето на изговорените зборови;
  • да се оспособува за слушање и разбирање на приказни кои ги чита возрасниот или други текстови, емитувани на радио или телевизија;
  • да се поттикнува и да развива способност за започнување на дискусија и поставување прашања;
  • да се оспособува за точно пренесување на кратки пораки;
  • да се поттикнува и да развива способност за раскажување и изразување со куси целосни реченици;
  • да се развива способност за употребување нови зборови и поттикнување за прашување за значењето на некој непознат збор;
  • да се оспособи да изведува некои елементи на драматизација;
  • да се јакне самодовербата и фантазијата на детето.

Читање и збогатување на речникот

  • Да се развиваат способности за препознавање на печатени симболи во средината во која престојува детето;
  • да се оспособува за правилно разгледување на сликовница вртејќи ги страниците една по една, од напред кон назад;
  • да се поттикнува и развива интерес и љубопитност за користење и „читање“ на сликовници;
  • да се оспособува за слушање и разбирање на одбрани дела од уметничкото и народното творештво;
  • да се негува способност за забележување и доживување на звучност и ритмичност на поетскиот говор;
  • да се збогатува на речникот на детето со зборови кои означуваат поопшти поими;
  • да се оспособува за самостојно вербално изразување во конкретни ситуации;
  • да се оспособува за формирање зборови кои означуваат множина, за менување на зборовите и нивно усогласување по род и број;
  • да се оспособување за изразување со јасни и кратки реченици;
  • да се развива способност за препознавање на некои букви во пишан текст или првата буква од своето име.

Пишување

  • Да се развива способноста за цртање на одредени форми кои наликуваат на букви (пример круг во вид на буквата О);
  • да се поттикнува и развива способноста за копирање на конкретно зададена форма;
  • да се поттикнува и развива способноста за цртање предмет или лице од својата околина;
  • да се развива способност за цртање слики според некој настан.