И З В Е С Т У В А Њ Е
ПОЧИТУВАНИ РОДИТЕЛИ,
Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово Ве известува дека поради пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19 од 11-ти март 2020 година Установата беше затворена и беше прекинат згрижувачкиот процес.
Од тие причини сите планирани активности од Програмата за јавна и културна дејност се прекинати.
Манифестацијата „Мини-забава за мини-матуранти“ за учебната 2019/2020 година нема да се реализира. Поради тоа и фотографирање на децата нема да се организира и реализира.
Установата се оградува од секој вид индивидуално организарање за фотографирање на децата од страна на родителите и ги задржува правата за организирање и реализирање на манифестацијата „Мини-забава за мини-матуранти“ и користење на називот на Установата.