СВР Куманово спроведе превентивна активност за безбедно учество на децата во сообраќајот. Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Куманово, денеска (20..09.2022) во објектот ,,Кокиче” реализираше превентивната кампања за безбедно учество на децата во сообраќајот и овие денови ќе продолжи да се реализира и во другите објекти при ЈОУДГ,,Ангел Шајче”- Куманово.
Целта на оваа активност е децата, уште од најрана возраст да се едуцираат за сообраќајните правила и прописи, како и за безбедното движење по улиците. Децата од објектот ,,Кокиче” по теоретското предавање подготвено за нив, имаа можност непосредно на крстосница да се запознаат како и каде безбедно да ја поминат улицата, односно беше направена практична демонстрација на правилно и безбедно поминување на пешачки премин и семафор.