Имплементација на програмата ,,Еколошка едукација во македонскиот образовен систем“ се одвива во насока на градење на здрави животни навики.
Една од практичните активности која се изведуваше во нашиот објект е сеење на пченица, садење на грав и леќа и набљудување на процесот на нивното растење во растенија, која кај децата придонесува да се поттикнува и развива еко свест уште од најраната возраст.
Преку активностите децата се учат дека животната средина треба да се негува и да биде чиста, да се почитуваат правилата за заштита и одржување на природата, со цел да се чувствуваме подобро во чиста и здрава животна средина.