Во склоп на темата која се обработува изминатиов и тековниов месец „Занаети, професии, чуда и чудесии“ , а во пресрет на претстојниот празник 8 Март денеска на огромна радост на дечињата од големите групи од објект „Пчелка“ и големо задоволство на воспитно згрижувачкиот тим, на гости ни беа ученици од прва, втора трета и четврта година од фризерска насока и техничар за козметичка нега и убавина при ДСУ-РЦСОО „Киро Бурназ“. Градинката со години наназад остварува соработка со поширока општествена средина со цел на децата да им се доближи и претстави се она што секојдневно го слушаат и изучуваат на дневните активности во занимална. На тој начин детето се потикнува да покаже интерес за дискусии, одредени нови искуства и случувања, се охрабрува да поствува прашања и да се негува упорноста и истрајноста во добивање одговори. Денеска беше посебен ден за стекнување нови знаења и искуства затоа што освен што имаа можност одблизу да видат имаа можност и да го почуствуваат тоа добивајќи нови фризури што беше посебно задоволство наградено со широки насмевки.