На покана на Министерството за социјална политика, демографија и млади, денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и директорката на ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово Ивана Николиќ, присуствуваа на чинот на потпишување на трипартитни Договори за соработка на проектот “Инклузија на деца Роми во јавните општински установи детски градинки за учебната 2025/2026 година”. Проектот ќе се реализира согласно со годишниот план и програма за работа на градинката во Куманово. Обезбедени се места за деца од ромската заедница, интегрирани во редовните воспитни групи според возраста, ослободени од партиципација за користење на услугите на оваа установа. Целта е да се зајакне социјалната интеграција на деца Роми во предучилишното образование, да се поддржи нивниот ран развој, промовирајќи еднакви можности за сите во воспитно – образовниот процес.
