Доброто физичко здравје им дава на децата енергија и издржливост активно да учествуваат во процесот на учењето. Избалансиран моторен развој е поврзан и директно влијае и врз останатите развојни домени кај детето како што е развојот на говорот, когнитивниот развој, социјалната компетенција и емоционалниот развој.
По повод детската недела во нашиот објект „Бубамара“ организиравме Крос трка преку која го поттикнавме физичко-моторниот развој и натпреварувачкиот дух кај децата. Децата беа многу среќни, задоволни и радосни во денешната активност.