Денеска платото пред Домот на култура „Трајко Прокопиев“ беше исполнето со детски насмевки и боички!

Дечињата од градинките „Кокиче“ и „Детелинка“ заедно со своите воспитувачи и негователки учествуваа на ликовен хепенинг под мотото:

„Безбедно движење во сообраќајот – научи ги и почитувај ги сообраќајните знаци“.

Со поддршка од Отсекот за превенција и РСБСП, малите уметници преку цртежи ја изразија својата креативност, се дружeа со полицијата и на забавен начин научија како правилно се преминува улица преку пешачки премин.

Голема благодарност до сите кои придонесоа овој ден да биде посебен и поучен за нашите најмали!