Работата на Установата се документира во Дневник за работа на детската градинка/центарот за ран детски развој, а децата се евидентираат во Главна книга за деца.
Воспитно – образовната работа се документира и евидентира во Дневник за работа на воспитна група во хартиена и електронска форма и Дневник за работа на воспитна група до две годишна возраст во хартиена форма. Развојот за секое дете од 2 – 6 годишни се следи и евидентира во Досие за дете (развојно портфолио).