Општи правила и услови
ЈОУДГ Ангел Шајче ќе се залага за достапност на својата интернет страна www.angelsajce.mk 24 часа во денот / 7 дена во неделата.
Во случај на привремена недостапност односно прекин на интернет страната поради технички или надворешни влијанија надвор од контролата на институцијата, не превземаме никаква одговорност и не гарантираме постојан пристап.
Сите податоци и информации објавени на нашата веб страна се од информативен карактер и за истите ЈОУДГ Ангел Шајче го задржува правото за промена и менување во зависност од условите и потребите.
Превземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или користење на линкот од интернет страната www.angelsajce.mk е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од дозволеноста за било каква злоупотребата на податоците и опциите кои ги нашата интернет страната.
Политика на приватност
Политикатата на приватност се однесува на собирање, обработка, пристап и објавување на лични податоци кои градинката ги собира и обработува од своите коминтенти – деца и нивни родители. Оваа политика на приватност се однесува само за www.angelsajce.mk и поддомените. Доколку е присутен линк кој ќе Ве поврзе со други страни, ние не превземаме никаква одговорност во однос на заштитата на личните податоци која ја обезбедуваат тие интернет страни.
ЈОУДГ Ангел Шајче има усвоена политика за сигурност и заштита на податоци, со што ја демонстрира посветеноста на нашата фирма кон заштитата на приватноста на клиентите. Секој корисник при плаќање на фактури за претстој на деца во градинка, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.
При користење на нашата веб страна за пристап до јавни информации, ние не собираме никакви информации од нашите корисници.
Во случај кога корисник (родител на дете) на наши услуги ја користат услугата за електронско плаќање на претходно издадени фактури за користење на наши услуги, истиот потребно е да внесе:
- ЕМБГ од детето
- E-mail адреса на која ќе му биде испратена потврда за успешна / неуспешна трансакција
- Прифаќање на општи услови и политики за користење
- Прифаќање на електронска достава на фактури
ЕМБГ и e-mail адресата се користи за пребарување низ нашата база на податоци со цел на пронаоѓање на неплатени фактури, и истите не се собираат во нашата база на податоци. Доколку корисникот внесе точна комбинација на матичен број и e-mail, истиот ќе добие повратно податоци за коминтентот и листа на неплатени фактури.
ЈОУДГ Ангел Шајче го задржува правото да ги користи IP aдресите и другите податоци на корисниците за откривање на нивниот идентитет во случај на спроведување на законот и законските постапки.
Целата комуникација која се одвива помеѓу пребарувачот на корисникот и нашиот веб сервер се одвива преку сигурна конекција, и не може да биде пресретната или променета од трета страна.
Не собираме никакви информации од финансиска природа, како број на картичка и сл. Податоците околу кредитната картичка и банкарската сметка ќе бидат чувани и користени исклучиво од страна на НЛБ Тутунска банка со цел наплата на продуктите/нарачките преку извршување на трансакција. Трансакцијата при наплаќање на производот е пренасочена и се процесира преку порталот за наплата од кредитни картички на НЛБ Тутунска Банка. Порталот користи современа заштита на податоците и сите процеси се одвиваат преку сигурна конекција со банката.
Повеќе информации во врска со прашања од Политика за приватност на нашата институција и заштита на лични податоци може да се добие од Офицерот за заштита на лични податоци Бранислава Манасова на тел. 075/235-785
Политика за пристап до услуги
Пристапот до нашите услуги се регулира преку меѓусебен писмен договор помеѓу институцијата и корисниците на услугите.
За услугите кои корисниците ги имаат искористено во претходниот месец се издава месечна фактура. Градинката не издава авансни фактури.
За да биде платена било која фактура преку електронски пат, потребно е корисникот да помине неколку чекори, при што треба изрично да ги избере фактурите кои сака да ги плати, како и изрично да ги прифати условите и политиките за да се изврши било какво плаќање.
Политика за поврат на средства
Во случај кога заради евентуална човечка или техничка грешка, ќе настане погрешно плаќање, уплатувачот треба да нѐ контактира по e-mail или телефон, при што треба изрично да ги наведе датумот и износот на погрешните уплати, а градинката во најкраток ќе изврши поврат на истите на картичка на уплатувачот.