На ден 03. и 04.12.2020 год. во објектот „Кокиче“ беше организирана online Есенска семејно креативна работилница насловена : ,,Се од тиква и останатите есенски плодови” во која беа вклучени сите деца од групите кои посетуваат градинка и оние кои во моментот седат дома заедно со нивните родители. Заедничката средба одеше паралелно во занималните со – Есенска приредба од децата за родителите и практичните игри и забава со здрава храна –

Родителите од дома во семејна атмосфера ни се приклучија на работилницата во попладневните часови со организирани подготовки и креативни изработки поврзани со тиквата како многу важен хранлив продукт за децата.

Драги родители Ви Благодариме за укажаната одговорност, посветеност кон нашата работа и дружењето кое уште долго време ќе го паметиме.

Горди сме што Ве имаме за соработници!