Комуникација и медиумска култура

  • Да се поттикнува на вербална и невербална комуникација;
  • да се оспособува за правилно дишење потребно за добар изговор;
  • да се оспособува за правилна артикулација на одделни гласови;
  • да се поттикнува за соодветно реагирање на изговорени зборови од страна на возрасниот;
  • да се поттикнува за повторување на кратки вербални пораки;
  • да се поттикнува за поврзување на зборовите со одредени предмети и личности;
  • да се развива способност за разликување на пораките од страна на возрасниот –дозволено или недозволено;
  • да се развива способност за зборување преку составување на реченици од 2-3 збора;
  • да се поттикнува способност за имитирање и повторување слушани зборови;
  • да се поттикнува кон користење на прашални зборови;
  • да се развива способноста за говор преку користење на предговорни активности;
  • да се развиваат способности за објаснување на дадена слика со користење на 3-4 збора.

Детето покажува интерес кон печатените материјали

  • Да се поттикнува и охрабрува детето за разгледување разни печатени материјали;
  • да се оспособува за слушање и разбирање на одбрани дела од уметничкото и народното творештво;
  • да се развива интерес кон сликовници;
  • да се збогатува активниот речник на детето;
  • да се развива самостојноста на детето за говорно изразување во конкретни ситуации;
  • да се развива способноста за изразување со куси целосни реченици;
  • да се оспособува за разбирање на вербални изрази кои не се врзани со непосредна ситуација;
  • да се развиваат способности за разликување на местата каде што е напишан текстот и местата каде што има илустрации;
  • да се поттикнуваза препознавање на омилената сликовница или книга по сликите и симболите на корицата;
  • да се оспособува да прави разлика помеѓу букви и други симболи.

Пишување

  • Да се поттикнува на „пишување“ со маркер неправилни линии или кругови низ различни потези;
  • Да се поттикнува на имитирање на пишување во игра како намерна активност.