Беше доцна есен. Мечето шеташе низ шумата, барајќи храна. Бррр, брр, се тресеше од студ.
-Треба да се спремам за зимата, а никаде нема храна!
Одеднаш ја здогледа крушата на Дедо Димо. Жолтите круши беа насекаде по земјата.
– Сега ќе имам доволно храна да ја преживеам долгата и студена зима што доаѓа – рече мечето и задоволно си замина во својата пештера.
Децата од објектот „Развигорче“ моделираа со пластелин според приказната „Зимски сон“, моделирајќи го главниот лик – мечето Медо.