Почитувани родители,
За безбедно започнување со работа во услови на пандемија на COVID – 19 изготвивме протоколи за работа врз основа на Оперативниот план за активности во установите за згрижување и воспитание на деца по укинување на вонредната состојба донесен од страна на Влада на Р.С. Македонија.
Пред повторно да го вклучите своето дете во воспитно – образовниот процес ќе треба да пополните изјава, да обезбедите потврди од работодавачот дека работните задачи задолжително мора да ги извршувате на работното место, без можност за работа од дома како и лекарска потврда од матичниот лекар за здравствената состојба на вашето дете.
Заради поголема безбедност и заштита на вашите деца Ви препорачуваме внимателно да ги прочитате донесените протоколи кои може да ги најдете во прилог.
Со почит,
ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово
Протоколи
Протокол за воспитно – згрижувачки кадар
Протокол за главни и чајни кујни
Протокол за дистрибуција на храна од главни кујни
Протокол за лица одговорни за мерење на температура