Есента е годишно време кое ни подарува бескрајна палета на бои, форми, мириси и материјали. Жолтите, црвените и портокаловите листови, костените, желадите и есенските плодови стануваат вистинска инспирација за детската фантазија и креативност.
Преку играта и творењето, децата учат дека убавината се крие во малите нешта, а природата е најголемиот уметник и најбогатиот извор на идеи.
Поттикнати од оваа есенска магија, реализиравме заедничка креативна авантура – „Ревија на есенски шешири“,

Едноставно ѝ дадовме на есента можност да прошета на нашата мала модна писта!
Есенски бои, детска фантазија и родителска креативност – заедно создаваме незаборавни моменти!

Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide Slide