По повод Меѓународниот ден на детето организиравме интересна и поттикнувачка активност – изработка на голема групна сложувалка на тема „Јас знам, јас можам“.
Кога сите делови се споија, се доби една голема, шарена и уникатна сложувалка која ја симболизира групната сила, детската креативност и самодоверба.
Децата со гордост ја покажаа својата работа, а атмосферата беше исполнета со смеа, соработка и позитивна енергија.
Активноста беше прекрасен начин да се прослави овој ден – со поттикнување на детската самодоверба и верба во своите можности: „Јас знам, јас можам!
