Во пресрет на празникот 11 Октомври децата од објект Бубамара го посетија споменикот на Киро Фетак и положија свежо цвеќе и оддадоа почит кон борците и хероите на татковината. Од најрана возраст ги учиме и ги поттикнуваме да развиваат љубов и почит кон татковината и културно историските споменици. Иако во нашата околина споменикот на Киро Фетак е заборавен во времето и од граѓанството, тука сме ние најмалите од објект Бубамара да се грижиме за него и да му оддадеме почит.









