На 8-ми септември ја одбележуваме Годишнината од Денот на независноста на нашата држава – Македонија.
Тоа е ден кога се потсетуваме на важноста на слободата, заедништвото и љубовта кон татковината. Во нашата градинка, преку игра, песна и креативни активности, децата на забавен и разбирлив начин ќе се запознаат со значењето на овој празник.
Целта ни е да им разбудиме љубов и гордост кон својата земја, како и да ги поттикнеме да ја ценат и почитуваат својата култура и традиција.











