Во просториите на објектот “Развигорче” вработените и децата заедно со своите родителите, создадоа незаборавни моменти и го славева духот на есента преку креативност и забава. Во првиот дел од работилницата, изработувавме уникатни есенски тиквички користејќи различни материјали – хартија, текстил, лисја и природни елементи. Креативноста и идеите беа во изобилство, а дечињата со помош на своите родители создадоа вистински ремек-дела! Вториот дел беше посветен на драматизација, каде родителите ги изненадија дечињата со претстава за здравата храна. Со многу насмевки, смеа и поуки, учиме дека здравата исхрана е основа за здрав живот. Овие моменти ни покажуваат колку е важно заедничкото време зајакнато со креативност и љубов. Благодарност до сите родители кои беа дел од оваа магична работилница и ни помогнаа да создадеме топли спомени за сите. Погледнете ги фотографиите од овој убав ден и споделете ја радоста со нас!