Со голема посветеност кон унапредување на здравјето и безбедноста на најмладите, Бирото за развој на образованието спроведе работилница на тема „Детски играчки – здравје и безбедност на децата“ во објект Пчелка во која учествуваа воспитувачите и директорите од детските градинки од Североисточен плански регион. Целта на оваа иницијатива беше запознавање со одредбите за заштита на правата на потрошувачите ,како и за општа безбедност на производите.Како и особено важна цел – подигнување на свеста за важноста од избор на безбедни и квалитетни играчки, кои не само што ги поттикнуваат когнитивниот и моторниот развој на децата, туку и ги штитат од можни здравствени ризици. За време на работилницата, стручниот тим од Бирото за развој на образованието и тоа в.д директор Абдулфета Фетаи,Ајше Ајрулаи,раководител на сектор за истражување во образованието,м-р Валентина Гоцевска,советник,д-р Габриела Дурчевска -Георгиевска советник и д-р Меланија Ристиќ,виш инспектор,ДСЗИ член на Совет за заштита на потрошувачите ги информираше и едуцираше воспитувачите и директорите за: “Политиката за заштита и безбедност на потрошувачите” “Улогата на играчките во едукативниот процес” “Здравствена безбедност,исправност и стандарди кај детските играчки наменети за деца на возраст од 3-5 години” Дополнително, преку интерактивни активности, присутните директори,раководители и воспитувачи имаа можност да учествуваат во изработка едукативни игри за деца од рециклиран материјал, каде што преку забава и практични примери научија како да изработуваат и ги користат играчките на безбеден начин. Оваа работилница е само дел од континуираните напори на Бирото за развој на образованието и детските градинки за создавање безбедно и стимулирачко опкружување за децата во раното детство. Целиот тим имаше можност не само да се едуцираат туку и споделат прекрасни празнични моменти на предновогодишно расположение и подарување на рачно изработени честитки од вработените во ЈОУДГ Ангел Шајче Куманово за обучувачите на работилницата.

Здравјето и безбедноста на најмладите се наш приоритет!