На 19.07.2023 година во објектот „Пчелка“ беше реализирана работилница во рамки на проектот „Подигање на квалитетот на предучилишното образование и грижа“ на тема Родителско вклучување во градинката.
Иван Христов – експерт за активно вклучување на семејството во рамки на овој проект ќе реализира 3 посети во нашата градинка во месец јули, август и септември, во текот на кои треба да ја презентира програмата за вклучување на семејствата во образованието на нивните деца, како и да се изготви акциски план за имплементација во нашата градинка.
На вчерашната работилница беа изготвени 4 акциски плана за вклучување на семејството во работа на градинката, од кои беше избран еден кој ќе треба да се реализира до крајот на месец септември.
На работилницата присуствуваа Директорката на установата, раководителите на објекти, членовите на стручната служба како и воспитувач и неговател од секој објект.