Продолжувајќи со игра и смеа ја заокруживме детската недела. Натпреварувачки игри организирани на ниво на објектот предизвикаа радост и заедничка среќа меѓу децата.
Целта на активноста беше да се усовршат основните движења – трчање, скокање со препрека, качување, како и усовршување на способноста за контрола на деловите од телото и комбинирањето на секвенци на неколку моторички движења.