По повод одбележување на Денови на пролетта и заштита на околината, во периодот од 22 до 26 Март 2021 год. во објектот „Кокиче“ се организираа низа на активности со дечињата од 3-6 години во сите групи ( пролетно декорирање на простории во градинката, чистење на простории и дворот на градинката, садење на цвеќиња, плетење на венчиња од цветчиња). Од страна на воспитувачките беше организирана и куклена претстава „Убавче и Гревче“ со која уште повеќе се поттикна еколошката свест кај дечињата – љубов и грижа за Планетата Земја.