Љубопитност и иницијативност
- да се поддржува интересот на детето за постојан стекнување на нови искуства;
- да се поддржува љубопитноста и задоволството во истражувањето на нови предмети;
- да се поттикнува иницијативноста во решавањето на едноставни проблемски ситуации;
- да се поддржува самостојноста во одредени активности на детето во согласно со развојните можности;
- да се развива интересот кон луѓето и предметите во непосредната околина;
- да се поттикнува интересот кон нови ситуации кои во моментот се случуваат;
- да се мотивира за учење нови работи преку игра.
Креативност и истрајност
- Да се поставуваат основи за развој на истрајноста низ процесот на откривање и учење;
- да се поддржуваат одредени обиди на упорно настојување за откривање на нови искуства;
- да се поттикнува интересот за учење преку игра;
- да се поддржува потребата за користење на различни играчки и материјали во процесот на учењето;
- да се поддржуваат во разни начини на сопствено изразување преку игри, слики, песна, музика и движење.