Запишување на дете
Детската градинка запишува и прима деца преку целата година за престој на деца од предучилишна (од 0-6 години) и училишна возраст (6-10 год).
Запишувањето/приемот на дете започнува со пополнување на Барање во електронска форма, со претходно легитимирање на родител/ старател.
Барање за прием на деца содржи:
- Податоци за дете: име, презиме, дата на раѓање, матичен број и објект за престој на детето;
- Податоци за родители/старатели: име и презиме на родители/старатели, адреса на живеење, број на лична карта, телефон за контакт, e-mail адреса, стручна подготовка, работно место и фирма/институција каде работи.
По пополнување на Барање, родителот/старателот, го потпишува барањето и добива архивски број. Оваа Барање е важечко сè додека не биде позитивно решено. Комисија за прием на деца се состанува еднаш во месецот, ги разгледува Барањата и врши прием на деца според одредени критериуми: време на чекање, вработеност на родител/старател, присуство на друго дете во градинка.
Комисијата го известува родителот на домашна адреса во писмена форма дали детето е примено во градинка или е ставено на листа на чекање за прием.
Доколку детето е примено, родителот е должен во рок од 30 дена да се јави во Управата и да отпочне со подготовки за собирање податоци: брис од грло и нос, крвна слика, урина, копрокултура, потврда за вакцинален статус, врз основа на кои матичниот лекар дава потврда за здравствената состојба на детето.
Родителот/старателот е должен да ги приложи горенаведените медицински резултати, како и мислење од соодветна стручна институција за дете со пречки во менталниот развој или телесна попреченост.
Доколку лекарските прегледи се уредни, родителот склучува Договор за правата и обврските за згрижување и воспитание на дете со Установата и се потпишува во Деловодна книга за склучување на Договор. При поаѓање на детето во градинка, уште првиот ден, родителот/старателот има обврска да го покаже Договорот на воспитувачот во групата во која ќе престојува и да го сочува до испис на детето.
Правата и обврските на градинката и корисникот на услугите се уредени со Договорот, во кој особено се регулирани меѓусебните односи на давателот на услугата – Установа и корисник на услугата – родител/старател, начинот на плаќањето, изборот на програмата, должината на престојот на детето во установата и други прашања во поглед на заштита на детето и дејноста на градинката.
За престој на деца во Центар за ран детски развој, и деца Роми кои се вклучени во Проект „Инклузија на деца роми во јавни детски установи-детска градинка“, родител/старател потпишува посебен договор за прием, бидејќи престојот на детето е бесплатен.
Префрлување на дете од еден во друг објект
За префрлување на дете од еден во друг објект, родителот/старателот, во пишана форма пополнува Барање каде наведува од кој и во кој објект детето се префрлува и причината за префрлување на детето.
Барањето го разгледува и по него одлучува Комисија за прием на деца. За позитивно решено барање, во писмена форма на домашна адреса се известува родителот/старателот.
За префрлување на деца од предучилишна во училишна група постапкате е потполно иста.
Испишување на дете од градинка
При отпишување на детето од градинка родителот/стартелот има обврска навремено да ја извести негувателката и воспитувачката од групата каде престојува детето. Договорот се раскинува во Управата со предходно измирени обврски за престој на детето во градинка. При раскинување на договорот родителот со своерачен потпис се потпишува во Деловодна книга за склучување и раскинување на договор.