Овозможува правилен раст и развој на детскиот организам и превенција од деформитети. Цели на проектот се: развивање на целокупен моторен и психички развој, развивање на оптимален развој на локомоторниот систем, правилно држење на телото и хармоничен развој на сите мускулни групи.
Се реализира со деца на возраст од 3 – 6 години (мала, средна и голема група) во сите објекти и децата од центрите за ран детски развој „Бамби“ и „Сонце“.