Воспитно образовна дејност


Воспитно-образовната работа е една од компонентите на дејноста на Установата која се реализира преку слободни и планирани активности, игри и прошетки, соработка со родители, посети и контакти.

Посебно внимание се посветува на периодот на адаптација преку постапно зголемување на дневниот временски престој на детето, затоа што одвојувањето на детето од семејството е најтежок период во процесот на адаптација.
Целокупниот развој на детето се следи преку посебен Инструмент зависно од неговата возраст и сознанијата се практикуваат при планирање и реализација на воспитно-образовните дејствија.

Воспитно образовната дејност, се планира и реализира континуирано според возраста, индивидуални способности, компетенции и потреби на децата на годишно, среднорочно и краткорочно-дневно ниво.

Децата учат преку игра во естетско-уредена просторија богата со разновиден дидактичко-игровен материјал, структуиран во логички целини-центри. Разновидните активности во внатрешен и надворешен простор обезбедуваат холистички пристап при учење и развој на детето.