Комуникација и медиумска култура
- Да се поттикнува на вербална и невербална комуникација;
- да се оспособува за правилно дишење потребно за добар изговор;
- да се оспособува за правилна артикулација на одделни гласови;
- да се поттикнува за соодветно реагирање на изговорени зборови од страна на возрасниот;
- да се поттикнува за повторување на кратки вербални пораки;
- да се поттикнува за поврзување на зборовите со одредени предмети и личности;
- да се развива способност за разликување на пораките од страна на возрасниот –дозволено или недозволено;
- да се развива способност за зборување преку составување на реченици од 2-3 збора;
- да се поттикнува способност за имитирање и повторување слушани зборови;
- да се поттикнува кон користење на прашални зборови;
- да се развива способноста за говор преку користење на предговорни активности;
- да се развиваат способности за објаснување на дадена слика со користење на 3-4 збора.
Детето покажува интерес кон печатените материјали
- Да се поттикнува и охрабрува детето за разгледување разни печатени материјали;
- да се оспособува за слушање и разбирање на одбрани дела од уметничкото и народното творештво;
- да се развива интерес кон сликовници;
- да се збогатува активниот речник на детето;
- да се развива самостојноста на детето за говорно изразување во конкретни ситуации;
- да се развива способноста за изразување со куси целосни реченици;
- да се оспособува за разбирање на вербални изрази кои не се врзани со непосредна ситуација;
- да се развиваат способности за разликување на местата каде што е напишан текстот и местата каде што има илустрации;
- да се поттикнуваза препознавање на омилената сликовница или книга по сликите и симболите на корицата;
- да се оспособува да прави разлика помеѓу букви и други симболи.
Пишување
- Да се поттикнува на „пишување“ со маркер неправилни линии или кругови низ различни потези;
- Да се поттикнува на имитирање на пишување во игра како намерна активност.