Љубопитност и иницијативност
- Да се поттикнува интересот на детето за откривање нови нешта;
- да се поддржува индивидуалниот пристап кон откривање и учење на нови работи;
- да се поттикнува различни извори на информации низ процесот на учење;
- да се охрабрува да поставување прашања за непознати предмети, лица и појави во моментот на набљудувањето;
- да се поддржува иницијативноста и индивидуалноста во изборот на играчките и материјалите низ процесот на учење;
- да се поддржува играта за која децата покажуваат интерес.
Креативност и истрајност
- Да се поттикнува детето самостојно и упорно да изведува одредени активности;
- да се охрабрува стекнатите искуства да ги користи за откривање на нови нешта;
- да се поддржува во обидите да изгради, создаде нешто ново, при користење на различни играчки, материјали и предмети.