Груб моторички развој
- Да се оспособи детето да оди на прсти на кратко растојание;
- да се охрабри да стои и да скока на една нога нанапред;
- да се оспособи да оди по линија;
- да се развива способноста за координација на рацете и нозете при основните природни движења одење, провлекување, скокање, трчање, качување;
- да се оспособи да фаќа,турка, тркала, фрла, подига;
- да се охрабри детето да трча со промена на брзината и правецот на трчање,да се оспособи за брзо и бавно одење;
- да се поттикне развојот на координацијата и силата на екстремитетите;
- да се развива способноста кај детето напречено да се движи во просторот;
- да се оспособи детето да го намалува или забрзува одењето, престанува или успорува со одењето ако наиде на препрека, да совладува препреки за да истражува;
- да се развива способноста за ориентација во просторот горе-долу, напред-назад;
- да се поттикнува развојот на чувството за ритам.
Фин моторички развој
- Да се оспособи детето да вади и да става предмети на одредено место;
- да се развива способност да гради кула од пет до седум коцки;
- да се развива способноста за користење на палецот и показалецот при држење на предметите;
- да се оспособи да ги собира играчките од под со дланките и прстите;
- да се развива способноста кај детето да ги разглобува и повторно да ги составува деловите од играчките или предметите;
- да се поттикне да ги користи дланките и прстите на двете раце за да ракува со ножички;
- да се оспособи да тркала и фрла топка;
- да се поттикне да ги користи и зајакнува дланката и прстите.
Здравје и безбедно однесување
- Да се оспособи детето да ги мачка рацете со сапун, да ги плакне со триење и самостојно да ги брише;
- да се поттикне самостојно да користи тоалет, со минимална помош од возрасен;
- да се охрабрува да бара нов прибор за јадење ако му падне на земја;
- да се развива способноста да каже кога чувствува болка;
- да се поттикне внимателно да се однесува кон предметите кои претставуваат опасност.
Сензомоторен развој
- Да се оспособи детето да препознае познато лице или некое домашно милениче;
- да се поттикнува со допир да запознава различни видови површини во непосредната околина (меко, тврдо, суво, влажно);
- да се охрабрува самостојно да допира различни материјали;
- да се поттикнува вербално да го соопштува своето доживување на пријатен и непријатен вкус и мирис;
- да се поттикне да препознае вкус, мирис;
- да се оспособува за препознавање на звуци кои ги произведува некој предмет, иако не го гледа предметот;
- да се оспособи да ги препознава предметите, звуците користејќи ги сетилата.